Украинската војска: Северниот дел од Покровск останува под украинска контрола

Украинските сили тврдат дека напредуваат на југот, иако Москва објави дека градот е целосно заземен.

Украинската војска денеска соопшти дека продолжува да го контролира северниот дел од стратешкиот град Покровск, еден од најтешките фронтови во источниот дел на земјата. Воените единици распоредени во градот наведуваат дека ситуацијата останува динамична, но дека украинските позиции на северот се стабилни.

Според извештајот на Седмиот корпус за брза реакција на воздушно-десантните трупи, украинските сили извршиле прецизни напади во јужниот дел на Покровск, каде што доминираат руските единици. „Нашите групи напредуваат кон непријателските позиции и нанесуваат значителни загуби,“ соопшти украинската команда.

Изјавата доаѓа само неколку часа по изнесената тврдња на рускиот претседател Владимир Путин, кој им честита на руските команданти за, како што рече, „целосното заземање на Покровск“. Украинските власти ги отфрлаат овие тврдења, нагласувајќи дека борбите продолжуваат и дека градот не е целосно под руска контрола.

Паралелно со копнените борби, Укринформ пренесе дека украинската противвоздушна одбрана уништила 39 од вкупно 62 руски борбени дрона од типовите „Шахед“ и „Гербера“ во масовниот напад изведен вчера околу 18 часот по локално време. Воздушната закана била одбиена со координирана употреба на противвоздушни системи, единици за радиоелектронско војување, мобилни борбени тимови и тимови за управување со дронови.

Украинските власти соопштуваат дека руските напади врз цивилните и воените цели продолжуваат, но дека противвоздушната одбрана ја задржува својата ефикасност, спречувајќи уште поголеми штети.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни