Украина и САД потпишаа меморандум – почетен чекор кон договорот за минерали

„Со задоволство го најавуваме потпишувањето, со нашите американски партнери, на Меморандум за разбирање, кој го отвора патот кон Економски договор за партнерство и формирање на Инвестициски фонд за обнова на Украина“, напиша Свириденко на платформата Х (поранешен Твитер).

Украина и САД во четвртокот потпишаа меморандум како почетен чекор кон постигнување договор за развој на критичните рудни ресурси на Украина, соопшти Јулија Свириденко, прва потпретседателка на украинската влада и министерка за економија.

„Со задоволство го најавуваме потпишувањето, со нашите американски партнери, на Меморандум за разбирање, кој го отвора патот кон Економски договор за партнерство и формирање на Инвестициски фонд за обнова на Украина“, напиша Свириденко на платформата Х (поранешен Твитер).

Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп бара билатерален договор за минерали како дел од неговите напори да се стави крај на украинската војна против руската инвазија.

Трамп, исто така, го гледа договорот како начин за враќање на милијардите долари што САД ги потрошија на воена помош за Украина.

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Украина нема да ја признае воената помош од претходната американска администрација како заем.

САД ја намалија проценетата цена на помошта за Украина од почетокот на руската инвазија во 2022 година – од околу 300 милијарди на приближно 100 милијарди долари, пренесе Блумберг њуз во средата, повикувајќи се на извори запознаени со случајот.

Администрацијата на Трамп минатиот месец предложи нов, поширок договор за минерали, кој не предвидува никакви безбедносни гаранции за Украина, но бара целиот приход од експлоатација на природните ресурси од државни и приватни компании што се наоѓаат на украинска територија, да се слева во заеднички инвестициски фонд.

Идниот договор ќе бара ратификација од страна на украинскиот парламент и се очекува да придонесе за економски раст во двете земји, изјави вчера Свириденко, без да открие дополнителни детали.

„Ова ќе создаде можности за инвестиции и развој во Украина, но и ќе придонесе за воспоставување услови за опиплив економски раст и за Украина и за САД“, напиша висок украински функционер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни