Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе

Русија и Украина реализираа најголема размена на затвореници од почетокот на руската инвазија, во која учествуваа стотици војници и цивили, а размената ќе продолжи и во текот на викендот, соопштија денеска официјални лица од двете земји.
„Ги враќаме нашите луѓе дома“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм и додаде: „Првиот дел од договорот за размена на 1.000 за 1.000 е имплементиран“.

Зеленски рече дека од секоја страна биле разменети по 390 лица – односно вкупно 780 – и дека се очекува размената да продолжи на 24. и 25. мај.

Според руското Министерство за одбрана, ова вклучува 270 воени затвореници и 120 цивили.

Неколку часа претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија „штотуку ја завршиле“ размената, која беше во тек уште од мировните преговори во Истанбул пред една недела, и дека размената „наскоро ќе стапи на сила“. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни