Украдени полжави вредни 90.000 евра од француска фарма што снабдува луксузни ресторани

Од француска фарма се украдени полжави вредни 90.000 евра, токму пред празниците. Фармата остана без целиот инвентар, а полицијата води истрага

Крадци украле полжави во вредност од околу 90.000 евра од фарма во северна Франција која снабдува врвни гурмански ресторани. Фармата L’Escargot Des Grands Crus од местото Bouzy, во близина на Ремс, соопшти дека останала без целиот инвентар на свежи и замрзнати полжави – што го нарекоа „тежок удар“ токму во пресрет на празничната сезона, пренесува BBC.

Кражбата се случила пред околу една недела. Лоповите пресекле ограда за да влезат во објектите и да ги однесат производите. Случајот бил пријавен во полиција дури неколку дена подоцна, а истрагата е во тек. Во меѓувреме, фармата се обидува да го обнови инвентарот за да ги исполни бројните празнични нарачки.

Шок и неверување пред празниците

„Ова дефинитивно не е објава што мислевме дека ќе ја пишуваме пред празниците“, порача тимот на L’Escargot Des Grands Crus. Инцидентот го опишаа како „шок, неразбирање и вистински удар за целиот тим“, додавајќи дека прават сѐ што можат за да ги надополарат залихите и да ги испорачаат празничните нарачки.

Менаџерот на фармата, Жан-Матје Доверњ, ја потврди големината на штетата.
„Целиот дел од готовите производи беше украден од продавницата, како и залихите на суровини од мојата лабораторија“, изјави тој. „Тоа беше нашата залиха за крајот на годината… Имавме точно доволно за да ги поминеме празниците без грижи.“

Деликатес на мета на крадците

Јадливите полжави се традиционална француска деликатесна храна, најчесто приготвена со путер, лук или вино. Продажбата значително расте во декември, кога се важен дел од празничните менија за Божиќ и Нова година.

Украдената стока била наменета за висококласни ресторани, меѓу кои и ресторанот Les Crayères во Ремс кој има една Мишелинова ѕвезда, како и за деликатесни продавници и приватни купувачи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни