Учество на Киро Урдин на интернационален поетски фестивал во Букурешт

Во периодот од 11-17 септември, во романскиот главен град Букурешт, ќе се одржи XIII- тото издание на Интернационалниот поетски фестивал, на кое е поканет и нашиот еминентен мултимедиа уметник, Киро Урдин.

Инаку, овој фестивал кој од година во година со својот растеж стана еден од најзначајните во својата фела не само во Романија, туку и еден од најпосетитените во Европа. Оваа година покани 158 поети од 26 земји од четири континенти (Северна Македонија, Австрија, Боливија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Канада, Хрватска, Куба,Данска, Естонија, Франција, Германија, Грција, Италија, Мароко, Црна Гора, Перу, Полска, Португали ја, Молдавија, Шпанија, Турција, Холандија,Уругвај и Романија).

За времетраењето на Фестивалот ќе се одржат 50 настани од различни културни сегменти и формати (средби со поети, преведувачи и издавачи, поетски читања, тркалезни маси, трибини, театарски и филмски претстави, изложби итн.), на вкупно 14 познати културни простори во Букурешт.

Нашиот мултимедијален уметник Киро Урдин, на фестивалот ќе се претстави со поетско читање на една од најзначајните негови творби, поемата „Стаорци” (13 септември), истиот ден во градината на седиштето на Националниот Музеј на Романската Литература, организаторот на Фестивалот, посетителите ќе имаат можност да проследат три документарни филмови, „Роман во стихови (Кон поезијата на Киро Урдин) ” (сценарио Јане Теохаревски), „Табула Раса” (последниот негов документарец) и „Taнцот Планетариум”. Претходниот ден (12 септември) ќе биде отварањето на неговите изложби на слики (верзија на последниот негов циклус „Табула Раса „ претставен минатиот месец во Романскиот парламент) и, изложба со микс од неговите книги со афоризми.

Последното претставување на Урдин ќе биде во аулата на Централната универзитетска библиотека во Букурешт, каде гледачите ќе имаат прилика да ги видат неговите документарци, наградените „Планетариум” и „ Догона ”, како и „Живот и смрт”, сите со негов режисерски потпис.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни