Ученици во Општина Ѓорче Петров предлагаа идеи како да се подобри животот на граѓаните

Во рамки на наставниот предмет Историја и општество, учениците од четврто одделение при ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ денеска посетија Општина Ѓорче Петров. Со општинските власти, учениците како ,,општински советници,, на интерактивен начин, преку симулација на општинска седница, научија како се дискутираат и усвојуваат предлози за различни проекти.

Малите „советници“ учествуваа во дебата, поставувајќи интересни прашања како: „Кој одлучува за изградба на нови паркови и игралишта?“ и „Како се избира што е најважно за граѓаните?“.

Вработените од различни одделенија во Општината ги запознаа децата со нивната работа.

Учениците предлагаа идеи како општинските власти да ги подобрат условите за животот на граѓаните во скопската општина Ѓорче Петров.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни