Учениците Роми во шесто одделение конечно добиваат учебник на мајчин јазик

Националната комисија за учебници го одобри ракописот по предметот кој со години немал соодветни наставни материјали за шестоодделенците.

За прв пат учениците Роми од шесто одделение оваа година ќе учат јазик и култура на мајчин јазик со одобрен учебник, откако претходните ракописи не поминале низ комисиската проверка . Националната комисија за учебници при МОН го одобри ракописот на 11 март 2026 година.

Учениците Роми во Македонија го изучуваат мајчиниот јазик преку изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите”, застапен од четврто до деветто одделение. Наставата моментално ја следат над 2.500 ученици во шест општини, но предметот долго време функционираше без редовни учебници за сите одделенија.

Претходни ракописи не поминаа низ комисијата

За предметот „Јазик и култура на Ромите” од шесто до деветто одделение, ракописите поднесени на претходни конкурси не беа одобрени затоа што комисијата утврди дека не ги исполнуваат стандардите и беше потребно формирање нови авторски тимови. Тоа значи дека наставата со години се одвиваше без стандарден учебник.

Ракописот со шифра 113 го помина одобрувањето

На седницата одржана на 11 март 2026 година, Националната комисија за учебници за основно и средно образование го одобри ракописот со шифра 113, поднесен по Конкурсот од февруари 2025 година. Одлуката е формализирана преку Педагошката служба при МОН.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни