Убиени 24 Палестинци додека чекале за храна во Газа

Најмалку 24 Палестинци загинаа во Газа од утрово, соопштија болнички извори.
epa12151614 A general view over rows of tents housing internally displaced Palestinians along the waterfront in Gaza, 02 June 2025. According to the UN, at least 1.9 million people (or nine in ten people) across the Gaza Strip are internally displaced, including people who have been repeatedly displaced. Since October 2023, only about 11 percent of the Gaza Strip has not been placed under Israeli-issued evacuation orders, the UN aid coordination office OCHA said. EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Најмалку 24 Палестинци загинаа во Газа од утрово, соопштија болнички извори. Според информациите, 15 тела биле примени во болницата Насер во Кан Јунис, пренесе Ал Џазира.

Најмалку петмина загинаа во близина на пунктот за дистрибуција на помош на Хуманитарната фондација за Газа (GHF) во јужниот дел на енклавата. Исто така, е пријавено дека седум лица биле префрлени во болницата ал-Шифа во палестинската енклава.

Газа се соочува со глад

Во петокот, Хуманитарната фондација за Газа (GHF) соопшти дека сите нејзини центри за дистрибуција на помош се затворени до понатамошно известување, и покрај растечката криза на глад на територијата. Во објава на Фејсбук, GHF наведува дека деталите за повторно отворање ќе бидат објавени подоцна и ги советува луѓето да се држат подалеку од центрите за дистрибуција на помош „ради сопствена безбедност“.

„Не продаваме оружје на Израел“

ЕУ го казнува Израел?

Спротивно на оваа порака, во подоцнежни соопштенија вчера, GHF наведе дека двајца од неговите центри завршиле дневна дистрибуција на храна и дека вкупно 471.240 оброци биле поделени само во петокот.

Хуманитарните агенции предупредија дека сите жители на Газа се соочуваат со глад откако Израел во март воведе строга блокада на територијата, блокирајќи влез на храна, лекови и гориво. Под меѓународен притисок, Израел минатиот месец дозволи влез на одредена помош во Газа, но хуманитарните групи предупредија дека количините се неадекватни.

Итно предупредување: Евакирајте се, следуваат напади

Операциите во центрите за дистрибуција на помош на GHF беа прекинати порано оваа недела по неколку инциденти со смртоносно насилство во близина на локациите, каде израелските сили отворија оган кон Палестинците кои бараа помош.

Покрај тоа, израелската војска вчера издаде предупредување со кое им се заканува на Палестинците со „екстремна опасност“ доколку се приближат до било која точка за помош помеѓу 6 часот наутро и 18 часот попладне.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни