Убиен руски генерал во експлозија во Москва

Според соопштението на Истражниот комитет на Русија, генерал-полковникот Фанил Сарваров бил убиен откако експлозивна направа поставена под неговиот автомобил детонирала.

Инцидентот се случил во понеделникот наутро, а генералот починал на самото место.

Од Истражниот комитет наведоа дека Сарваров бил на чело на Одделот за оперативна обука на Оружаните сили на Русија. Како една од верзиите што се разгледуваат во истрагата се споменува и можната вмешаност на украинските разузнавачки служби. Истрагата е во тек, а официјален коментар од украинска страна засега нема.

Кој беше убиениот генерал?

Според руската новинска агенција РИА Новости, Фанил Сарваров е роден на 11 март 1969 година во градот Гремјачинск. Тој завршил Виша тенковска командна школа, Воена академија на оклопните сили во 1999 година, како и Воена академија на Генералштабот во 2008 година.

Во текот на својата воена кариера учествувал во борбени операции во Грузија и Чеченија, а извршувал и мисии во Сирија. Во 2016 година бил назначен за началник на Управата за оперативна обука на Генералштабот.

Сарваров бил одликуван со Орден за храброст, Орден за воени заслуги, Суворовски медал, како и со Орден „За заслуги кон татковината“ од втор степен.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни