Убиен поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад

Ахмадинеџад во својата политичка кариера беше познат како радикален конзервативец и отворен застапник на антизападна политика.

Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад, кој ја водеше земјата од 2005 до 2013 година, е убиен во израелски воздушни напади.

Ахмадинеџад во својата политичка кариера беше познат како радикален конзервативец и отворен застапник на антизападна политика. Неговите мандати беа обележани со чести изјави во кои изразуваше екстремна омраза кон Израел.

Неочекувана поддршка за Украина

Сепак, Ахмадинеџад привлече внимание на светската јавност со еден потег кој никој не го очекуваше – по почетокот на руската инвазија, јавно ја поддржа Украина и ја осуди агресијата.

„Голем народе на Украина, претседателе Зеленски. Вашиот благороден и речиси невиден отпор ги разоткри сатанските планови на непријателите на човештвото. Знајте дека големиот народ на Иран е со вас и се восхитува на вашата херојска упорност“, напиша Ахмадинеџад во март 2022 година.

Кој беше Ахмадинеџад?

Махмуд Ахмадинеџад, шести претседател на Исламската Република Иран, ја презеде функцијата на 6 август 2005 година. Со неговото доаѓање на власт, беше прекината 24-годишната традиција на која на чело на државата беа исклучиво свештеници. Пред да стане претседател, Ахмадинеџад бил градоначалник на Техеран и гувернер на покраината Ардебил.

Иако беше претседател, најмоќна личност во државата остана врховниот лидер, ајатолах Али Хамнеи. За време на својот мандат, Ахмадинеџад ја зајакна соработката со Русија, Венецуела, Сирија и земјите од Персискиот залив, додека истовремено беше цел на критики од САД и Израел.

Во центарот на меѓународните тензии беше и иранскиот нуклеарен програм, кој Ахмадинеџад го опишуваше како мирољубив и неопходен за задоволување на растечките енергетски потреби на земјата. Поради тоа, Иран одбиваше да го запре збогатувањето ураниум, иако тоа го бараа резолуциите на Обединетите нации. Ахмадинеџад тврдел дека западните санкции се нелегални и дека земјата ќе се придржува до правилата на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA).

Ахмадинеџад повикуваше на распуштање на државата Израел, за која рекол дека „јзиното место е во Европа“, и се залагаше за слободни избори на Блискиот исток. Силно ги поддржуваше правата на Палестинците, истакнувајќи дека тие треба сами да ја одредат својата судбина на демократски избори.

Контроверзни изјави

Една од неговите најконтроверзни изјави беше дека Израел треба „да се избрише од картата на светот“. Иранските официјални лица, како и самиот Ахмадинеџад, подоцна демантираа таков превод, тврдејќи дека изјавата е погрешно протолкувана. Слични контроверзии предизвика и неговата изјава во која го нарече холокаустот „мит“, за што беше обвинет за антисемитизам.

Во одговор на критиките, Ахмадинеџад изјавил: „Не, не сум против Евреите, многу ги почитувам.“ Исто така, го појаснил својот став за холокаустот со зборовите: „Не реков дека холокаустот воопшто не се случил. Тоа воопшто не е моја проценка.“

На внатрешен план, неговата влада започнала план за рационализација на потрошувачката на гас за да се намали државната потрошувачка на нафта и воведе мерки за намалување на каматните стапки кои приватните и државните банки можеле да ги наплатуваат на своите клиенти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни