Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, Абдолрахим Мусави, е убиен, објави денеска иранската телевизија.
Според извештаите, Мусави е убиен во напади врз Иран, додека иранската агенција IRNA претходно извести дека Али Шамкани, висок политички функционер и секретар на иранскиот Совет за одбрана под врховниот лидер Али Хамнеи, исто така загинал во американско-израелските напади врз Техеран.
Главниот командант на Корпусот на исламската револуционерна гарда (IRGC), Мохамед Пакпур, и министерот за одбрана генерал Азиз Насирзаде, исто така загинале.
Мусави и Насирзаде биле убиени на состанок, заедно со шефот на иранската паравојна Револуционерна гарда и советникот за безбедност Шамкани, чија смрт Иран ја потврди во неделата наутро.
Иран не прецизираше кога се случил нападот, кој го уби четворицата мажи. Кампањата започнала со интензивни воздушни напади врз Техеран во саботата. Врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи, е убиен во големиот напад кој вчера го изведоа Израел и САД. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно се закани дека ќе ја нападне Иран со сила „која никогаш претходно не била видена“ ако нападите ескалираат.