Убиецот на Чарли Кирк за прв пат се појави на суд

Тајлер Робинсон, кој е обвинет за тешко убиство, изгледал прилично расположен во судницата, објави британски Телеграф

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на американскиот конзервативен коментатор и полемичар Чарли Кирк, се појави на суд за прв пат, а неговото однесување предизвика гнев кај многумина од поддржувачите на Кирк.

Тајлер Робинсон, кој е обвинет за тешко убиство, изгледал прилично расположен во судницата, објави британски Телеграф.

Робинсон (22) досега се појави на суд само преку видео врска. Неговите адвокати побараа забрана за снимање на судењето, но судијата Тони Граф сепак дозволил дел од постапката да биде снимен.

Тој е обвинет за убиство на Кирк на 10 септември со пукање од покривот на Универзитетот Јута Вали. Уапсен е два дена подоцна, по национална потера. Робинсон е обвинет за попречување на правдата и две точки од обвинението за манипулирање со сведоци. Обвинителството објави дека ќе бара смртна казна.

Таткото, мајката и братот на Робинсон исто така беа присутни на сослушувањето. Од безбедносни причини, рацете и нозете му беа врзани, но судијата забрани тие сцени да бидат прикажани во медиумите.

За да се зачува презумпцијата на невиност, Робинсон носел цивилна облека, наместо затворски комбинезон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни