Уапсен осомничениот за навредување и напад на студентите во Нови Сад

Студентите од FTN изјавија вчера дека непознати лица со камери, кои носеле капи и шалови така и им се гледале само очите, се обидувале да ги снимат студентите кои доаѓале на пленум и обраќајќи им се како новинарска екипа, барале од нив да им покажат индекси

Полицијата во Нови Сад го уапсила А. В. (21) од Темерин, осомничен за предизвикување на општа опасност пред Факултетот за технички науки (FTN) во Нови Сад. Полицијата се сомнева дека тој во четвртокот навечер ги навредувал собраните студенти и фрлал скалпел и запалки кон нив.

По налог на јавниот обвинител, одредено му е задржување до 48 часа, а ќе биде приведен и пријавен за кривично дело пред основниот јавен обвинител во Нови Сад.

Студентите од FTN изјавија вчера дека непознати лица со камери, кои носеле капи и шалови и им се гледале само очите, се обидувале да ги снимат студентите кои доаѓале на пленумот и обраќајќи им се како новинарска екипа и барале од нив да им покажат индекси.

Брзо потоа, на местото се појавиле возила на Итната помош со ротирачки светла, иако немало лица со загрозена здравствено состојба. Работниците на Итната помош биле маскирани, а регистарските таблички на возилата биле покриени со ленти.

Во одвоен инцидент, студентите изјавија дека двајца мажи им се заканувале на нивните колеги, велејќи дека ќе ги „запаметат“ и дека ќе имаат последици поради блокадите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни