Уапсен градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, најголемиот политички противник на Ердоган

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу е уапсен во неговиот дом, јавуваат агенциите. Имамоглу инаку се смета за најважен и најголем политички противник на турскиот претседател Ердоган.

Имамоглу, е уапсен по рација спроведена во неговиот дом, јави агенцијата АФП повикувајќи се на неименуван соработник од тимот за односи со јавност на Имамоглу кој вели дрка градоначалникот се наоѓа во „полициска станица“.


,Локалните медиуми јавуваат дека апсењето е поврзано со истрага за корупција.Од Обвинителството за агенцијата Ројтерс соопштија дека истрага се води и против други лица. Станува збор за вкупно околу сто лица, меѓу нив и бизнисмени и новинари.

Освен тоа, во тек е и втора истрага. Имамоглу и шест други лица, како што се вели од Обвинителството, се осомничени дека ја поддржувале Курдската работничка партија (ПКК). Оваа партија од страна на Турција и нејзините западни сојузници е означена како терористичка. 

Имамоглу во понеделникот на платформата Х објави видео во кое вели дека стотици полицајци стојат пред неговиот дом.

„Соочени сме со голема тиранија“, пишува тој и додава дека нема да се предаде.

Во вторникот (18.03), универзитетот во Истанбул му ја одзеде дипломата на Имамоглу од универзитетот. Ова би можело да го дисквалификува опозицискиот политичар да се кандидира на следните претседателски избори, за кои универзитетска диплома е еден од предусловите.

Одземањето на дипломата на Имамоглу нема никакви последици за неговото право да ја врши градоначалничката функција. Политичарот на левичарската националистичка партија ЦХП беше реизбран за градски татко во март 2024 година. Имамоглу и градоначалникот на Анкара, Мансур Јавас, кој исто така е од ЦХП, се сметаат за најмоќни ривали на Ердоган.

Тој веќе ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори во 2028 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни