Уапсен е убиецот на Чарли Кирк

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк е идентификуван како Тајлер Робинсон, според NBC News, која се повикува на пет високи полициски службеници

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека убиецот на активистот и инфлуенсер Чарли Кирк е уапсен.

„Пет минути пред да влезам во студиото ми кажаа дека осомничениот е во притвор. Локалните власти завршија одлична работа, сите работеа заедно. Властите почнаа од ништо, од видеоснимка на која тој изгледа како мравка, што беше речиси бескорисно. Се надевам дека убиецот на Кирк ќе добие смртна казна“.

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк е идентификуван како Тајлер Робинсон, според NBC News, која се повикува на пет високи службеници за спроведување на законот запознаени со случајот.

Службените лица додаваат дека Робинсон е роден во 2003 година и потекнува од државата Јута. Робинсон е приведен под сомнение за убиство за време на митингот на Универзитетот Јута Вали во среда, потврдија полициски извори за Дејли Меил. Според информациите, убиецот злосторството му го признал на својот татко, ветеран од Шерифската служба на округот Вашингтон.

Таткото веднаш контактирал со властите и го задржал синот додека не пристигнала полицијата. Осомничениот бил уапсен во четврток навечер околу 23 часот по локално време во јужна Јута. Тој живеел во куќа со шест спални соби, вредна 600.000 долари, во Вашингтон, околу 260 милји јужно од местото на злосторството во Орем.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни