Твитер добива двојник: Тамблр со нов дизајн

Тамблр официјално објави нов интерфејс за на веб-прелистувачите откако заврши тестирањето со одредени корисници изминатиот месец.

Новиот интерфејс за навигација личи многу на Твитер, бидејќи лентата за навигација на платформата е поставена лево. На новиот изглед, исто така, копчето за објавување се наоѓа на долниот лев агол на екранот, каде што се наоѓа и копчето на Твитер. Компанијата вели дека ја направила промената за да им олесни на сите да разберат и истражат што се случува на Тамблр, без разлика дали се нови или постоечки корисници на платформата.

Од Тамблр додаваат и дека ги вклучиле сугестиите од корисниците за време на фазата на тестирање.

Извор: techcrunch.com

Најново

Последни колумни