Туск: Нема многу причини за прекумерен оптимизам за мировниот договор за Украина

Распадот на Украина значи закана за Полска, се надевам дека сите го разбираат тоа, вклучително и сите актери во Полска, рече Туск
epa11844253 Polish Prime Minister Donald Tusk speaks during a debate on 'Presentation of the programme of activities of the Polish Presidency' at the European Parliament in Strasbourg, France, 22 January 2025. The EU Parliament's session runs from 20 till 23 January 2025. EPA-EFE/Piotr Nowak POLAND OUT

Kоментирајќи ги мировните преговори за Украина, премиерот на Полска, Доналд Туска, денеска изјави дека има малку причини за прекумерен оптимизам, додавајќи дека неговата земја ќе поддржи процес што има шанса да ја заврши, или барем да ја запре војната.

„Има малку причини за значителен оптимизам. Сите ќе го поддржиме овој процес, кој нуди шанса да се заврши руско-украинската војна. Постои целосна согласност од европската страна дека презентираниот план од 28 точки треба да се разработи, а некои од овие предлози се неприфатливи“, рече Туск, според Танјуг.

Како што нагласи, од полска перспектива, особено е важно планот да не ја ослабне Полска, Европа или заедничката безбедност на никаков начин.

„Ќе ја поддржиме Украина. Распадот на Украина значи закана за Полска. Се надевам дека сите го разбираат тоа, вклучително и сите актери во Полска“, рече Туск, додавајќи дека „условите на мировниот договор не можат да бидат во корист на агресорот“.

Тој нагласи дека Европа е решена да го реши прашањето за замрзнатите руски средства до состанокот на Европскиот совет во декември и дека не треба да плаќа за она што го сторила Русија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни