Рациите биле спроведени на 124 локации низ Истанбул, при што безбедносните служби заплениле огнено оружје, муниција и документација поврзана со активностите на организацијата. Според официјални извори, осомничените активно планирале напади низ земјата, со фокус на собири поврзани со празничните прослави и цели поврзани со немуслиманското население.
Полицијата информира дека приведените лица биле во контакт со членови на ИД надвор од Турција, а потрагата по уште 22 осомничени продолжува.
Акцијата доаѓа само два дена по посебна операција на турските разузнавачки служби во граничниот регион меѓу Авганистан и Пакистан, каде бил уапсен турски државјанин осомничен дека имал висока позиција во регионалното крило на ИД и дека бил вклучен во планирање напади врз цивили.
Турција редовно спроведува безбедносни операции против лица поврзани со Исламска држава, особено поради долгата граница со Сирија, каде што групата и понатаму е активна во одредени области. Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, кој одржува блиски односи со Анкара, најави соработка со САД и европските земји за целосно искоренување на преостанатите структури на ИД.
Во меѓувреме, САД на 19 декември започнаа воздушни напади врз позиции на Исламска држава во Сирија, како одговор на убиството на тројца американски државјани, меѓу кои двајца војници и еден цивилен преведувач, убиени во заседа претходно овој месец.
Извор: 360 степени
