Турски суд денеска осуди 11 лица на доживотен затвор поради пожарот во хотелот Гранд Картал во јануари во кој загинаа 78 лица, вклучувајќи околу 30 деца.
Меѓу осудените на доживотен затвор со строг режим е и сопственикот на хотелот, Халит Ергјул. Истата казна ја добија неговата сопруга Емине Ергјул и неговите ќерки Елиф Араз и Џејда Хаџибекироглу, кои биле дел од раководниот состав на хотелот, како и главниот менаџер Емир Арас, управителот Зеки Јилмаз, заменик-градоначалникот на Болу, Седат Ѓуленер, и директорот на друг хотел, Ахмет Демир.
Вкупно 32 лица беа обвинети во случајот, од кои 20 беа судени во притвор.
Истрагата откри дека противпожарниот аларм не работел ноќта на пожарот и дека дел од опремата за гас не ги исполнува безбедносните норми. Обвинителството истакна дека сопственикот и управителите на хотелот намерно игнорирале препораки од претходни инспекции, додека некои локални функционери издавале дозволи без соодветна проверка.
„Имавме редовни инспекции“, изјави пред судот Халит Ергул, сопственик на „Гранд Картал“, кој беше осуден на доживотна казна затвор. Тој ја негираше одговорноста и го обвини добавувачот на гасна опрема.
„Не дозволив дури ни огномет пред хотелот за свадби затоа што не сакав птиците да умрат“, рече тој, според новинската агенција DHA.
Луѓето кои избегаа од пожарот и роднините на загинатите сведчеа пред судот за пожарот што започна во хотелскиот ресторан непосредно пред 3,30 часот наутро.
 
				 
				 
								 
								 
								 
								