„Одлуката на ПКК да се откаже од оружјето гарантира дека не само курдското прашање, туку и сите турски проблеми ќе бидат решени преку демократски средства“, се наведува во партиското соопштение.
ДЕМ е трета најголема опозициска партија во турскиот Парламент.

ПКК и Турција се во вооружен конфликт од 1084 година поради позицијата на Курдите, кои живеат во пограничните области на земјата со Ирак.
Курдите имаат и своја област на ирачката страна од границата.