Турската полиција приведе 28 осомничени за пожарот во ски-центарот Карталкаја

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека се уапсени 28 лица во врска со пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во ски-центарот Карталкаја, пренесе ТРТ-Хабер.

Меѓу уапсените се и сопственикот на хотелот и 18 други лица, кои се задржани во притвор.


Говорејќи пред пратениците на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), Ердоган вети дека сите одговорни за трагедијата ќе бидат изнесени пред суд.

– Никој нема да избега од одговорност, нагласи турскиот претседател.

Според првичните истраги, системот за детекција на пожар не функционирал, а во областа немало итни тимови за брза реакција. Исто така, бројот на противпожарни апарати бил недоволен, а излезите за евакуација не ги исполнувале безбедносните стандарди.

Во пожарот на 21 јануари загинаа 78 лица, меѓу кои 36 деца, а повредени се 51 гостин. Во моментот на несреќата, во хотелот имало 238 гости.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни