Секоја година, љубителите на чоколадо ширум светот се собираат на 5-ти февруари за да го прослават важниот ден – Светскиот ден на Нутела. И каде е подобро да се прослави отколку во италијанскиот град каде за прв пат е создадена Нутела?
Алба е мал град во северна Италија, познат како родно место на Нутела и Фереро Рошер. Се наоѓа во регионот Пиемонт, кој е познат по својата чоколада, особено познатиот намаз – кремаста мешавина од чоколадо и лешници.
Туристите ја посетуваат Алба за да пробаат што повеќе производи што го содржат овој локален специјалитет.
„Ова е мал град на северот на Италија со огромна фабрика Фереро која произведува толку многу Нутела што целиот град мириса на чоколадо. Очигледно, Нутела има поинаков вкус овде“ велат дел од туристите.
Во градот сите пекари имаат производи со Нутела, но и останати креативни десерти.