Глобален извештај за емоции на „Галуп“ за 2024

Турците се најлутата нација во Европа, Португалците најзагрижена, а жителите на Косово се смеат најмногу

Македонците како народ се лутат многу, но во исто време се и меѓу нациите со помал стрес, a имаат грижи и се смеат во рамките на просекот во Европа

Истражувањето за глобалните емоции за 2024 спроведено од „Галуп“ (Global Emotions Report), ни покажува како се чувствуваат жителите на Европа. Кои нации се најзагрижени, а кои секојдневно се под најголем стрес. Во кои земји жителите најмногу смеат и која е најлутата нација во Европа.

Македонците како народ се лутат многу, но во исто време се и меѓу нациите со помал стрес, a имаат грижи и се смеат во рамките на просекот во Европа.

„Галуп“ и годинава истражува колкав дел од населението на секоја земја се чувствува луто на дневна основа.

Најгневните

Првото место го завзема Турција, каде 34 отсто од населението секојдневно изразува одредена доза на гнев. На второ место е Северна Македонија каде 26 отсто од жителите се чувствуваат лути и гневни во текот на денот. По нив следуваат Албанија, Црна Гора и Шпанија. Најмалку лутина чувствуваат жителите на Финска (7 проценти), Естонија (7 проценти), Португалија (8 проценти), Холандија (9 проценти) и Хрватска (9 проценти).

Најзагрижените

Истиот извештај ги издвојува Португалците (55 проценти), Украинците (53 проценти) и Шпанците (51 проценти) како најзагрижени нации, а жителите Полска (24 проценти), Швајцарија (27 проценти) и Белорусија (26 проценти) се земји чии жители имаат најмалку грижи. Македонците (37 проценти) со своите грижи и проблеми се некаде на средина.

Под најголем стрес

Истражувањето на „Галуп“ вели дека под најголем стрес во Европа се Турците (58 проценти) и Грците (проценти), додека стресот најмалку дневно го чувствуваат жителите на Белорусија (20 проценти), Литванија (22 проценти), Естонија (25 проценти) и Полска (22 проценти).

И Македонците (29 проценти) се меѓу нациите со помал стрес.

А кој се смее најмногу?

Глобалниот извештај за емоции на „Галуп“ за 2024 година покажува дека тоа се луѓето на Косово (83 проценти). По нив следуваат Белгијците (79 проценти) и Холанѓаните (78 проценти). Најмалку се смеат жителите на Украина (48 проценти), Србија (48 проценти) и Литванија (49 проценти).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни