Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека Турција се спротивставува на „секаква воена интервенција во Иран“ и го повика Техеран „сам да ги реши своите проблеми“.
Не сакаме да видиме каква било интервенција тука, но кога ќе ја погледнете политиката на (американскиот претседател) Доналд Трамп, досега не сме виделе силна склоност кон употреба на копнени сили“, рече Хакан Фидан .
„Она што е збунувачко овде е тоа што тешкотиите со кои се соочуваат луѓето поради економски и други проблеми може да изгледаат како идеолошко востание против режимот, всушност, ова е сива зона“, додаде Фидан.
Светот со внимание ги следи случувањата во Иран каде во антивладините протести се убиени над 2500 луѓе, а Трамп најави и можна воена интервенција.
