Турција со годишна инфлација од 35%, најголем пораст кај образованието

World cost rising, Global crisis inflation concept. Shopping cart with Percentage cubes, Stacked coins and red growth graph. global crisis inflation and rising prices. Hyperinflation and inflation

Годишната инфлација во Турција во мај изнесувала 35,41 отсто, соопшти турската државна телевизија ТРТ Хабер, повикувајќи се на податоци од Државниот завод за статистика. Тоа претставува мало намалување во однос на април, кога инфлацијата беше 37,86 проценти.

На месечно ниво, инфлацијата во мај е 1,53 проценти. Од декември 2024 година до мај, цените на потрошувачките производи пораснале за 15,09 проценти.

Најголем годишен раст е забележан кај цените во образованието – 71,67 отсто, следено од трошоците за домување – 67,43 отсто. Цените на храната и безалкохолните пијалаци пораснале за 32,87 проценти.

Најмало зголемување има кај облеката и обувките – 14,12 отсто, комуникациите – 19,25 отсто и транспортот – 24,59 отсто.

Во мај, во споредба со април, храната и безалкохолните пијалаци поевтиниле за 0,71 отсто, додека трошоците за транспорт пораснале за 2,66 отсто, а оние за домување за 2,99 отсто.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни