Тука е сосема природно да се биде гол: Не само што се отворени за нудизам, туку често го практикуваат 

35 проценти од Данците сметаат дека е во ред да се соблечете на обична плажа, додека 87 проценти сметаат дека е нормално да бидете голи во вашата градина

Ново истражување покажува дека Данците не само што се најтолерантни кон јавната голотија, туку практикуваат нудизам и во дворот, на плажа и во природата. 

Германците можеби уживаат репутација како најпосветени нудисти во Европа, но ново истражување покажува дека Данците не само што се поотворени кон нудизам, туку и почесто го практикуваат. 

Анкетата на YouGov опфати шест западноевропски земји, Велика Британија, Данска, Франција, Германија, Италија и Шпанија, и откри дека Данците најчесто сметале дека е сосема прифатливо да се соблекуваат на јавно место, и самите го правеле тоа. 

Според анкетката за поголемиот број на граѓани голотијата е прифатлива во одредени нудистички области, 84-94 проценти од испитаниците изјавиле дека немаат проблем со приватните нудистички кампови, 77-91 процент се согласуваат со нудистичките плажи, 17 проценти од Французите и Италијанците го изразија своето несогласување. 

За испитаниците голотијата не е прифатливла во паркокви, 35 проценти од Данците сметаат дека е во ред да се соблечете на обична плажа, додека 87 проценти сметаат дека е нормално да бидете голи во вашата градина. Данците се исто така поотворени кон идејата за голотија во природата, додека мнозинството во други земји, од 58 проценти во Германија до 78 проценти во Велика Британија, ја сметаат за неприфатлива. 

Кога станува збор за пливање во море, езера или реки, Данците се најтолерантни: 64 проценти сметаат дека е сосема во ред, во споредба со само 25 проценти од Италијанците, 31 процент од Французите, 32 проценти од Британците и 49 проценти од Германците. 

Европска нација која води во сè 

Данците го практикуваат она што го говорат. Повеќе од половина од нив рекле дека како возрасни се соблекле барем еднаш во јавни или полујавни ситуации, додека тоа било 45 проценти за Германија и 44 проценти за Шпанија. Од друга страна, само 31 процент од Французите, 25 проценти од Британците и 22 проценти од Италијанците признале дека некогаш се соблекле јавно. 

Данците најчесто биле голи во својата градина или додека пливале, со 36-37 проценти, додека Шпанците биле 27-29 проценти, Германците 20-29 проценти, Французите 19 проценти, Британците 13-14 проценти, а Италијанците само 11-12 проценти. 

Сепак, Германците сè уште се водечки кога станува збор за назначени нудистички места, што ја одразува долгогодишната традиција на Freikörperkultur (FKK), која се појавила кон крајот на 19 век. Популарноста на FKK се намалила во последниве години, но Германија останува една од најлибералните земји за јавна голотија во посебни зони, со плажи, езера и кампови резервирани со закон. 

Анкетата покажа дека само 12 проценти од Данците се соблекле во нудистички кампови или на плажи, повеќе од Британците (6 проценти), слично на Французите (14 проценти) и Италијанците (11 проценти), но помалку од Шпанците (22 проценти) и Германците (25 проценти). 

Данците се исто така најподготвени да се вклучат во јавна голотија, при што 50 проценти од испитаниците велат дека би се соблекле јавно, во споредба со 42 проценти од Германците, 38 проценти од Шпанците, 34 проценти од Французите и 29 проценти од Британците и Италијанците. 

Во сите земји, мажите се поотворени од жените, додека во Данска помладите генерации се посклони кон натуризам. Спротивно на тоа, во Германија, лицата над 50 години (46-48 проценти) покажуваат поголема подготвеност да бидат голи во јавност отколку 31 процент од младите луѓе на возраст меѓу 18 и 34 години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни