Труењето со храна од Мекдоналдс покажа дека зеленчукот се чува потешко од месото

Потезите на големите американски синџири за брза храна привремено да не служат свеж кромид во нивните сендвичи, откако зеленчукот беше именуван како веројатен извор на епидемија на ешерихија коли во Мекдоналдс, го открија повторливиот кошмар за рестораните: Поголем проблем за чување претставува зеленчукот од месото.
Фото: Alpha/Flickr

Кромидот е веројатно виновникот за појавата на ешерихија коли во рестораните на Мекдоналдс ширум САД, поради што се разболеа 49 луѓе и едно лице почина, соопшти доцна во средата американското Министерство за земјоделство. Компанијата го повлече Quarter Pounder од своето мени во една петтина од нејзините 14.000 ресторани во САД.

„Зеленчикот е многу потежок проблем од месото“, рече Мајк Тејлор, адвокат кој имаше лидерски улоги во безбедносните напори во американската Администрација за храна и лекови и американското Министерство за земјоделство, а денес е член на одборот на непрофитна организација наречена СТОП за болестите кои се пренесуваат со храна.

Експертите велат дека најголемата разлика е во тоа што говедското месо се готви додека свежиот производ, по дефиниција, не се готви. Правилното готвење е „сребрен куршум“ против контаминација, вели Доналд Шафнер, експерт за наука и безбедност за храна од Универзитетот Рутгерс.

Индустриските зеленчуци кои се произведуваат во големи размери се мијат, дезинфицираат и се тестираат на сличен степен како говедското месо, но тестовите не можат да фатат доволно ниски нивоа на контаминација, велат експертите.

Културите често се одгледуваат на отворено, каде што изметот од дивиот свет или блиските земјоделски животни може да навлезе во водата за наводнување. Ешерихија коли е нормален патоген во цревата на животните. Говедата го имаат повеќе од другите, но исто така е откриена кај гуски, свињи, елени и други, рече Мансур Самадпур, специјалист за безбедност на храна.

Контаминацијата може да произлезе од користење нетретирано ѓубриво или контаминирана вода за наводнување, или од држење или сечење на кромидот на начин на кој тој станале контаминирани, рече Шафнер.

Самадпур, кој е главен извршен директор на IEH Laboratories and Consulting Group, и кој беше ангажиран од Chipotle да го промени режимот за безбедност на храната по серијата епизоди на контаминација во средината на 2010-тите, рече дека претставниците на американското Министерство за земјоделство инсистирале на посилно тестирање на говедско месо. „Отидовме од едно или две отповикувања на говедско месо месечно на едно отповикување секоја година или три“, рече Самадпур.

Слично ригорозно тестирање се применува за земјоделските производи, а синџирите за брза храна и другите купувачи често го бараат тоа. Но, тестовите не откриваат сè. Колку е почист производот, толку е потешко да се открие, рече Самадпур.

И Мекдоналдс и Тејлор Фармс, снабдувач на жолт кромид на Мекдоналдс во погодените држави, се големи и софистицирани компании и нашироко се сметаат од експертите за безбедност на храна како стандарди за безбедни практики.

Добавувачите на Мекдоналдс честопати тестираат производи и тоа го правеле и пред оваа контаминација.

Тејлор, поранешен функционер на ФДА, рече дека иако контаминацијата на говедското месо е повеќе или помалку решена преку владина регулатива, подобрувањето на безбедноста на зеленчукот најдобро е да им се остави на купувачите, како што се Мекдоналдс и други синџири за брза храна.

Тејлор верува дека синџирите за брза храна и продавниците за храна, како главни купувачи на овие производи, можат колективно да ги „модернизираат и усогласат“ стандардите што ги очекуваат од добавувачите. Пазарот на производи е фрагментиран и разновиден.

„Единственото нешто што сигурно може да ги уништи микробите е зрачењето – но никој не го сака тоа“, рече експертот за безбедност на храна Самадпур. Тоа е непрактично за обемот на производи што се продаваат, рече тој. Дополнително, многу луѓе не би сакала да јадат зеленчук кој е зрачен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни