Трочлено семејство пронајдено мртво во куќа во Чачак

Сè уште не е познато дали станува збор за двојно убиство и самоубиство или за тројно убиство

Трочлено семејство од Босна и Херцеговина е пронајдено мртво утрово во нивната семејна куќа во Чачак, Република Србија.

Според информациите во српските медиуми, пронајдени се телата на таткото, мајката и синот. Родителите имале околу 75 години, а синот 47 година и до неговото тело бил пронајден нож.

– Тие дојдоа од Босна и Херцеговина, прекрасни, вредни и чесни луѓе. Не живееја таму цело време, туку доаѓаа од време на време. Колку што знаеме, нивниот син живеел во странство. Никој никогаш немал проблеми со нив, ова е вистинска трагедија, изјавил еден од соседите за агенцијата РИНА.

Сè уште не е познато дали станува збор за двојно убиство и самоубиство или за тројно убиство.

Полициски екипи се на местото на настанот и ја обезбедуваат куќата каде што се случило злосторството, а сите околности под кои се случило ќе бидат познати по истрагата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни