Според него, нападнати биле повеќе региони низ целата земја како дел од „намерна стратегија“ за заплашување на цивилите и уништување на инфраструктурата. Во Днипро е регистриран директен погодок со ракета со касетна муниција врз станбена зграда.
Украинската армија соопшти дека Москва истрелала 619 дронови и ракети, додека руското Министерство за одбрана тврдеше дека се користеле „прецизни оружја“ насочени кон воено-индустриски објекти.
Во исто време, руските власти соопштија дека четири лица загинале во украински напад со дронови врз Самарскиот регион, каде бил погоден голем нафтен рафинери. Украина тврди дека погодила и уште една рафинерија во соседниот Саратовски регион.
Воздушните напади меѓу двете страни се засилуваат во последните недели. Русија сè почесто ги бомбардира украинските градови, додека Киев систематски ги таргетира руските нафтени и индустриски постројки кои се клучни за продолжување на војната.
Нападот следи еден ден по инцидентот кога Естонија побара итни консултации со НАТО, откако руски воени авиони ја прекршија нејзината воздушна територија. Москва го демантираше прекршувањето.
Војната во Украина започна со целосната руска инвазија во 2022 година, а тензиите меѓу Русија и НАТО се зголемуваат поради зачестените прекршувања на воздушниот простор и растечките напади со дронови.
Извор: BBC