Tројца приведени студенти по вчерашните инциденти во Ниш

Матеја Николиќ, бил приведен непосредно по објавувањето на снимката на неговите профили на социјалните мрежи, на која се гледа како градоначалникот на Ниш, Драголав Павловиќ, е нападнат на улица од група луѓе, иако го штителе неколку лица, додека минувачите го гаѓаа со јајца и го полеваа со вода.
epa11967006 Riot police officers take up positions during the student-led rally in Belgrade, Serbia, 15 March 2025. University students staged a protest, demanding accountability after fifteen people lost their lives in the collapse of the Novi Sad Railway Station canopy in November 2024. The station building, which had been renovated and reopened in July 2024, was undergoing further renovations shortly before the collapse. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Студентот на Правниот факултет од Ниш, Матеја Николиќ, кој синоќа беше задржан во полиција по протестот и откажувањето на собирот на СНС во овој град, пуштен е на слобода, пишуваат медиумите во Србија.

Од нишката полиција нема одговор на прашањето колку луѓе и по кој основ биле приведени по инцидентите во кои функционери беа гаѓани со јајца, пренесува N1. Студентот Матеја Николиќ беше задржан во полицијата, а утринава треба да се појави пред судија.


Матеја Николиќ, бил приведен непосредно по објавувањето на снимката на неговите профили на социјалните мрежи, на која се гледа како градоначалникот на Ниш, Драголав Павловиќ, е нападнат на улица од група луѓе, иако го штителе неколку лица, додека минувачите го гаѓаа со јајца и го полеваа со вода.

Во неофицијална изјaва, полицијата му ја одземала телефонот на студентот додека бил задржан, а според неговите колеги кои биле присутни пред полицијата, го теретат за насилничко однесување.

Да потсетиме, студентите кои го блокирале Универзитетот во Ниш изјавиле дека синоќа биле уапсени тројца нивни колеги – Матеја Николиќ, студент на Правниот факултет во Ниш, како и студент на Филозофскиот факултет и студент на Економскиот факултет. Тие го осудуваат недостигот на транспарентност во врска со околностите на нивното приведување и од надлежните бараат јасно образложение за причините за апсењето, обезбедување транспарентност на постапката и гарантирање правичност во нејзиното спроведување.

Собирот на членови и симпатизери на Српската напредна странка кој требаше да се одржи вечера во Ниш, бил откажан.

Во близина на Офицерскиот дом, каде што требало да се појават претседателката на Народното собрание Ана Брнабиќ, премиерот во технички мандат и претседател на СНС, Милош Вучевиќ и други високи функционери на оваа партија, граѓаните на Ниш организирале протест.

Првиот човек на Ниш, Драголав Павловиќ, беше погоден со јајца и полеан со вода. На снимката која кружи на социјалните мрежи, иако Павловиќ бил заштитен од некои лица, се гледа дека успеал да избегне јајцата, но не и водата со која бил полеван. Матеја Николиќ, студент на Правниот факултет во Ниш, бил уапсен вечерва по објавувањето на ова видео.

Павловиќ по инцидентот изјавил дека собирот нема да се одржи, односно дека е откажан. Сето ова било предизвикано од напнатата атмосфера цел ден во Ниш.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни