Осум мртви и повеќе од 30 повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Засега се пријавени и повеќе од 30 лица кои се повредени од кои едно лице е во тешка состојба.

Осум лица загинаа кога нешто пред 12 часот се урнал дел од настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Од засега непознати причини зајакнатата конструкција се срушила, а целата крошна долга 50 метри паднала.

Како што пренесуваат српските медиуми, повредените кои успеале да излезат од под урнатините, влегле во холот на железничката станица и им била укажана помош.

Четири багери и осум шлепери во моментов го расчистуваат местото. На помош доаѓа и механизација од приватни фирми. Како што пренесуваат медиумите во Србија, пристигнуваат и специјални екипи за урнатините.

Засега се пријавени и повеќе од 30 лица кои се повредени од кои едно лице е во тешка состојба.

„Повредени се над 30 луѓе, тоа е последната бројка што ја имаме, а можеби е поголема. Телефоните ни ѕвонат постојано. Родителите се јавуваат да прашаат за децата….Ова е катастрофа. Се трудиме што побрзо и поефикасно да дојдеме до жртвите“, објави Нова/рс повикувајќи се на изјава на извор од Службата за итни случаи во Нови Сад.

Изведувач на реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, чиј дел денеска се урна а, беше кинескиот конзорциум CRIC&CCCC („China Railway International Co.Ltd“ и „China Communications Construction Company Ltd“).

Објектот беше свечено отворен на 5 јули годинава.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни