Трн слави втор роденден – боцкаме со љубов, благодариме од срце!

Денес, Трн.мк не слави само бројка – слави приказна. Слави храброст, искреност и посветеност. Слави една година полна со зборови што боцкаат, но и греат. Една година полна со вистински текстови, со поддршка за оние што не се слушаат доволно, со платформа за идеи што заслужуваат да се споделат.

Од почетокот бевме гласни за оние што молчат. Боцкавме таму каде што се замижува. Потсетувавме на она важното, убавото, вредното. Поддржавме добри луѓе, добри иницијативи, вистински вредности.

✨ Во текот на изминатава година, преку признанијата покажавме дека вреди да се вложи внимание и љубов во оние што се борат да го направат општеството подобро.

Но, ништо од ова немаше да вреди – ако ве немавме ВАС.

Вие – што нѐ читате, што не пратите, што споделувате.
Вие – што нè охрабрувате кога треба, што нè критикувате кога мора.
Вие – што верувате дека зборот има сила.

Ви благодариме што го направивте Трн глас што се слуша.
Ви благодариме што дозволивте да бидеме дел од вашето утро, вечер, пауза за кафе, или момент на размисла.

Влегуваме во нова година со уште поголем елан. Ќе има уште боцкања, уште љубов, уште глас за оние што прават да биде поубаво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни