„Трн“ и официјално во регистарот на интернет портали на АВМУ

Трн.мк останува посветена на навремено, вистинито и професионално информирање согласно сите домашни и меѓународни стандарди

Интернет порталот Трн.мк од денеска и официјално е впишан во регистарот на издавачи на онлајн медиуми – интернет портали на Агенцијата за аудио и визуелни медиумски услуги.

Впишувањето во регистарот на АВМУ, по исполнување на конкретните услови во Правилникот на Агенцијата е доказ за професионалната посветеност на тимот на Трн.мк.

Во време кога јавноста е „бомбардирана“ од лажни вести, дип фејк видеа, фантомски портали без имиња и презимиња, Трн.мк останува посветена на навремено, вистинито и професионално информирање согласно сите домашни и меѓународни стандарди.

Остануваме на висина на задачата, да им дадеме глас на оние што тоа го бараат, да ги раскажеме приказните што другите ги премолчуваат, да боцкаме заедно во етерот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни