Последниот, трет земјотрес се случил во 10:12 часот по локално време (02:12 по московско), пренесе Интерфакс. Според податоците, потресот со јачина 5,1 степен имал епицентар на 127 километри источно од градот Северо-Курилск, на островот Парамушир, на длабочина од 10 километри под морското дно.
На самиот Парамушир, земјотресот се почувствувал со интензитет од 2 до 3 степени, но не е издадено предупредување за цунами.
Претходно, во истиот регион биле регистрирани уште два земјотреси со јачина 5,2 и 5,3 степени, од кои еден исто така бил почувствуван на Парамушир. И во тие случаи немало опасност од цунами.
За сега нема информации за материјална штета или повредени лица.