Tри здрави причини да се прошетате после вечерата: Еве како тоа влијае на шеќерот во крвта, метаболизмот и расположението 

За многу луѓе вечерата е најголемиот оброк во денот. Сепак, големите оброци можат да предизвикаат и чувство на ситост што би сакале да го зауздите, па затоа пред спиење, експертите препорачуваат да се прошетате после вечерата. – 

Луѓето ширум светот со векови одат на прошетка по вечерата. Постои една кинеска поговорка која вели,

„Ако направите 100 чекори после секој оброк, ќе доживеете 99“. И некои студии во текот на годините открија дека одењето на 15-минутна прошетка по вечерата може да го регулира нивото на шеќер во крвта и да го подобри варењето; може да ви го подобри и расположението и да ви ја зголеми енергијата“, објаснува Дејвид Чесворт, сертифициран личен тренер. 

Ако вечерата ви била преголема, но сè уште не ви се оди надвор, размислете за овие три придобивки од прошетката после оброк и зошто оваа активност е толку ефикасна. 

„Причината зошто прошетките после вечерата се одлична навика за усвојување е тоа што тие ја користат техниката наречена „спарување навики.“ Ова вклучува создавање на нова навика во врска со постоечката. Полесно е мозокот да се држи до нешто ново ако го споите со навика која постои некое време“, објаснува Чесворт. 

Три придобивки од одење после вечера 

Помага во контрола на шеќерот во крвта 

„Многу истражувања нагласуваат дека прошетките или слободните активности најдобро се прават после секој оброк, но особено после оброци богати со јаглехидрати, како леб, компир и ориз. Во просек, нашите вечерни оброци често содржат повеќе јаглехидрати“, вели Чесворт. 

По обилен оброк, прошетката може да го намали нивото на гликоза за 12 проценти. 

Го подобрува метаболизмот 

Кога јадеме, нашиот метаболизам се активира преку „термичкиот ефект на храната“, објаснува Чесворт. Потребна е енергија за да се вари енергијата; со други зборови, вашиот метаболизам е малку зајакнат за време на варењето. Слично на тоа, метаболизмот малку се забрзува за време на лежерната прошетка. Кога ќе ги комбинирате двете, ќе му дадете на вашиот метаболизам благ дополнителен поттик. Додека одите бавно, можете да ја слушате вашата омилена музика или подкаст за да ја направите прошетката попријатна, а вашето тело ќе се погрижи за останатото. 

Одење може да го зголеми нивото на ендорфин, хормони одговорни за доброто расположение 

Ви го подига расположението 

Слично на другите физички активности кои можат да го зголемат нивото на ендорфин (овие хормони се одговорни за ублажување на болката, намалување на стресот или подобрување на расположението), истото може да го направи и едноставна прошетка по вечерата. 

„Кога ќе почнете поредовно да шетате после оброците, ќе почнете да се радувате на тие прошетки. За повеќето луѓе, последното нешто што им паѓа на ум е да прошетаат откако ќе завршат со јадење, и можеби тоа не изгледа како чекор што може да даде долгорочни резултати, но придобивките од дополнителната прошетка ќе се зголемат со текот на времето.Можеби ќе ја очекувате вашата прошетка после вечерата речиси исто колку и самата вечера“, вели Чесворт.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни