Три скијачи загинаа откако денеска лавина ги однесе во луксузното алпско ски-центро Вал д’Изер во Франција, соопшти новинарот Седрик Боневи, задолжен за патеките на скијалиштето.
Според Боневи, една од жртвите е француски државјанин, додека останатите се странци. Инцидентот се истражува.
Несреќата се случила надвор од уредените скијачки патеки. Една од жртвите била високо на планинската стрмнина, додека другите две лица се наоѓале пониско во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, и не ја забележале приближувањето на лавината.
Не е познато што ја предизвикало лавината, но националната метеоролошка служба на Франција (Meteo France) претходно во четврток го ставила тоа подрачје под црвено предупредување за ризик од лавини.
Извор: Hina