Дамјан Танески, талентиран голман од Штип, својата кариера ја започна во Мал Ајакс, настапуваше за младинските категории на Вардар, а беше дел и од Брегалница и Кит Го.
Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров, трагично загина како вистински херој – обидувајќи се да помогне на другите да излезат од дискотеката во пламен.
Меѓу жртвите е и младиот кошаркар на Дино Баскет, Петар Ивановски, кој беше познат по својата борбеност и беше прогласен за МВП на турнирот М-14. Неговиот клуб со голема тага ја потврди веста, испраќајќи сочувство до семејството.
Македонија тагува за младите животи што згаснаа прерано.