Студентите од трите новосадски факултети во блокада, го објавија деталниот план за протестот што ќе се одржи во тој град, на денот кога се навршуваат три месеци од падот на настрешницата на Железничката станица, кога биле убиени 15, а тешко повреди двајца луѓе.
Како што беше претходно објавено, во сабота, на 1 февруари ќе бидат блокирани три моста во Нови Сад: Мостот на слободата, Жежељ и Мостот Дуга. Студентите од Академијата за уметности, Факултетот за музичка уметност и Факултетот за применети уметности изработија детално упатство пред протестот.
Како што беше објавено, трите новосадски мостови ќе бидат блокирани на 1 февруари во 15 часот. Потоа, во 18 часот ќе се тргне кон Мостот на слободата каде ќе продолжи блокадата која ќе трае 24 часа.
Прв пат ќе се одржи и граѓански пленум на 2 февруари, на кој учесниците на протестот ќе изразат мислење дали блокадата на Мостот на слободата ќе биде завршена или продолжена.
Правила на протестот
Студентите апелираат до присутните дека протестот треба да помине мирно и без инциденти. Покрај тоа, важно е никој да не остава ѓубре зад себе, за што ќе се грижи хигиенски тим на терен.
Секој вид на насилство или уништување на градскиот имот е забранет, како и фрлањето петарди или каква било употреба на експлозивни направи. Забрането е качување на мостовите со строго почитување на безбедносните зони. Исто така, забрането е качување на трактори и блокирање на брзата лента за возила на Брза помош. Секоја прекршување на правилата и сомнителни лица треба да се пријават на редарите.
Студентите од Белград ќе ги поддржат своите колеги во Нови Сад. Тие вчера пешки тргнаа за Нови Сад, синоќа преноќија во Инџија и денес продолжуваат понатаму.