Три лица загинаа, 10 ранети во руски ракетен напад врз Украина

При ноќниот напад било погодено централното подрачје на градот, а повредени се деца родени во 2007, 2010 и 2011 година, изјави Виталиј Карабанов

Во руски ракетен напад врз источниот украински град Балаклија загинаа три лица, а десет се ранети, меѓу кои и три деца, соопшти во понеделник регионален воен функционер од Харкивската област.

При ноќниот напад било погодено централното подрачје на градот, а повредени се деца родени во 2007, 2010 и 2011 година, изјави Виталиј Карабанов, началник на воената администрација на Балаклија, преку апликацијата Телеграм.

Девет од повредените се хоспитализирани, додаде тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни