Кога станува збор за слабеење, секој детал е важен – особено кога се работи за исхраната. Клучно е да ја прилагодиме исхраната за да обезбедиме внес на сите потребни нутриенти за ефективно согорување на калории. Лекарите истакнуваат дека масните наслаги на стомакот можат да бидат поврзани со недостиг на одредени минерали, поради што е важно да се консултираме со лекар за да провериме дали имаме некој недостаток.
Еве кои витамини и додатоци во исхраната стручњаците ги препорачуваат за поттикнување на метаболизмот и слабеење.
1. Омега-3 масни киселини
„Малку што може да го надмине омега-3 рибјото масло како антиинфламаторно средство, а докажано е дека тоа ги намалува упорните висцерален маснотии што се складираат длабоко во стомакот и околу органите“, објаснува експертот за здравје Саманта Морисон за SheFinds. Покрај тоа што поттикнуваат губење на килограми, омега-3 масните киселини играат важна улога во целокупното здравје.
„Омега-3 мастите се клучни за општото здравје и имаат позитивен ефект на функцијата на срцето и мозокот, како и на намалување на воспалението во телото“, додава докторката д-р. Коби Слејтер.
2. Витамин Д
Научниците од Универзитетот Бостон препорачуваат дневно земање витамин Д за поттикнување на метаболизмот. Истражувањата покажале дека доволниот внес на витамин Д придонесува за слабеење, бидејќи му помага на телото поефикасно да согорува енергија.
Според истражувачите, лицата кои земаат 2.000 IU витамин Д3 дневно додека се на диета, губат двојно повеќе килограми. Овој витамин помага во преносот на маснотии од исхраната до мускулните клетки каде се согоруваат како енергија, наместо да се складираат како телесни масти.
3. Витамин Б-12
„Земањето комплекс на витамини Б може да помогне во одржување на здрав метаболизам, што пак може да го поддржи губењето килограми и масти“, вели нутриционистката Регина Фазини. Сепак, таа нагласува дека нема магична таблета за согорување на масти – здравиот начин на исхрана и вежбањето остануваат клучни. Сепак, ако ни недостасува витамин Б-12, земањето додаток во исхраната може да помогне.