Годинава МОТ ја претставува исклучителната соработка за презентирање на партнерство на ФРУ со Институт за театар од Чешка/Прашко квадриенале за дизајн на перформанс и простор(PQ), преку „Градот како сцена II – приказна за шетачката“, инсталација во три чина која се надоврзува на претходните проекти и изведби кои „Факултетот за работи што не се учат – ФРУ“ ги прави веќе 10 години, со читањето на градот, јавниот простор и конкренти објекти, од 2013 – 2023 година.
„ Градот како сцена II – приказна за шетачката е тридневен настан (поеден перформанс дневно) кој во целината создава театар/изведба. Настанот за МОТ е акција што треба да предизвика релации во локалната но и интернационалната заедница. Практично сакам/е да си играме со протоколите на тоа што е театар? Што е тоа што одредува театар? Што дефинира што претставува одредена сцена? Кога и како јавниот простор се трансформира во сцена? Тоа се голем дел од прашањата кои ги отвараме со оваа тридневна програма .
Соработка со Прашкото квадринале, како една од најрелевантните интернационални институции за театар, е важна поради блискоста и промоцијата на интердисциплинарната пракса во современот театар која се наоѓа во врската помеѓу просторот и изведбата.“ – вели Филип Јовановски, куратор и еден од авторите на перформансот.
Вечерашната изведба на првиот чин е во 20 часот во Железничката зграда.
Во продолжение реперотарот на МОТ за 16.11.2023
КЕМ
19:00 ФДУ
Сермола перформанс, Германија
Автор и режија Мирза Метин
Кêм е богат танцов израз, перформанс базиран на курдските ритуали. Традиционално, но современо. (вокален и телесен перформанс)
Кêм (Нецелосно) е современа митологија, поетски сценски сон. Новата претстава на Мирза Метин, ‘Кêм’ се состои од низа слики од соништата изведени од Хикран Демир. Во Кем, курдската култура и ритуали играат централна улога во создавањето моќна изведба. Мистериозни грмушки, црни балони, портокалова леќа, говенди (танци), гласови на сегашноста и праисторијата и магични вдишувања ја придружуваат изведбата за да ја пронајдат примарната моќ на телото и да ги отворат вратите на визуелниот, аудитивниот и физичкиот сон на сцената. Претставата не раскажува фиксна приказна, но на крајот од денот секој посетител заминува со напишана своја приказна.
Играат: Хицран Демир Концепт, кореографија, сценографија: Мирза Метин Дизајн на светло: АлевТопал, Мирза Метин Асистент и светло-оператер: Али Курум Фотографии: Ујгар Ондер Ѕахин Трејлер: Ерен Аској Постер: Мир Ахмед Орхан
Градот како сцена
16 – 18.11.2023 (четврток)
20:00 Железничката зграда
Театарска инсталација во три чина
Колаборативен проект на Филип Јовановски
ЧИН 1: Градот како сцена – изгубени (модернистички) утопии.
Изведба на перформанс/инсталација „Градот како сцена II – приказна за шетачот“, продолжение на истражувањето претставено во рамки на националниот павилјон на Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година, како дел од платформата за интердисциплинарни просторно изведувачки практики, Градот како сцена. Автори: Алембик (Виктор Танасковски и Ива Дамјановски), Бесфорт Идризи, Викторија Илиоска и Анастасија Пандиловска. Куратори: Филип Јовановски и Ивана Васева.
СИНГУЛАРНОСТ
Естонија/Норвешка
21:00 МКЦ – сала 25 мај
автор: Кули Росна режија; Кули Росна, Кенет Флак
Сингуларност е мултимедијално дело за танц, интерактивен звук и визуелни елементи. Изведбата е обид за автопоезис, самосоздавање.Како чувствителен софистициран танцов перфрманс, има одличен спој на звук и слики.
Што значи слободата кога сè е поврзано? Кога просторот е заситен со приказни барајќи од мене да следам или да се маѓепса. Влегувајќи во вортексот на самиот себе, не знаејќи кој и што ќе остане. Ја дефинираме сингуларноста како уникатност и недостапност на внатрешниот живот. Како особеност на сето искуство. Како простор каде што сите намери и описи пропаѓаат, отворајќи се за нови квалитети. Како отуѓување од она што мислиме дека го знаеме. Како влегување во зоната.
Кореографија: Кули Росна, Кенет Флак Музика: Мадс Кјелдгард Дизајн на интерактивен звук: Кенет Флак во соработка со Кули Росна
Интерактивно видео: Кенет Флак во соработка со Томас Јурдан Програмирање сензор: Кенет Флак Дизајн на светло: Кенет Флак во соработка со Роми Рутас Костимографија: Урсула Голдштајн Копродукција со: Солтумату Тантсу Лава