Трендафилов од ССМ: Идната недела започнуваме со блокади

„Наредната недела ќе започнеме со блокади, а пратениците во Собранието ќе бидат првите кои што ќе ги блокираме“ рече Трендафилов

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов денеска најави блокади на инситуции за наредната недела.

„Наредната недела ќе започнеме со блокади. Пратениците во Собранието ќе бидат првите кои што ќе ги блокираме затоа што го чуваат Законот за минимална плата во фиока и не сакаат да ги зголемат платите. Веројатноста е наредната недела ќе одат со автобус и пешки, како што доаѓаат најголем дел од работниците. Ќе ги чекаме да ги поздравиме и да ги потсетиме дека таму се за нас и дека треба да гласаат. Тоа ќе биде следниот чекор“ рече Трендафилов додавајќи дека дополнителни информации ќе даде во понеделник.

Претходно, Трендафилов го покани премиерот во понеделник во 9.00 часот да дојде во зградата на ССМ и заедно да го потпишат Колективниот договор со кој платите на работниците ќе се зголемат за 40%, како што според Трендафилов, пишувало во соопштението на Владата.

Синоќа ССМ орагнизираше голем протест во Скопје барајќи повисоки плати, а на дешената прес-конференција Трендафилов наброја и неколку примери за притисоци од страна на раководители во различни институции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни