„Го испративме трејлерот за The Monkey на четири телевизиски станици. Не помина добро“, напишаа од Неон на X. Тие објавија и слики од мејловите што ги добиле, со објаснувања зошто трејлерот бил одбиен.
Во првиот одговор се наведува дека трејлерот „нема да биде дозволен на ниту една програма поради прекумерно насилство“. Слично мислење има и друга компанија која сугерира да се направи нов трејлер без толку крв и насилство. Третиот, пак, вели дека трејлерот не е соодветен и покрај сите ограничувања, а четвртиот исто така го наведе прекумерното насилство како причина за забраната. Оваа објава предизвика лавина реакции кај гледачите, кои сметаат дека е добра за промоција на филмот.
„Дајте му бонус на вашиот маркетинг експерт за сè што постигнал“, „Филмот сепак ќе биде огромен хит“, „Ова е лудо добар маркетинг“, „Никој не го прави подобро маркетингот на филмот од Неон“, „Ова е најдобрата филмска промоција што можете да ја посакате“, напишаа тие во коментарите.
Филмот „The Monkey“ е заснован на истоимениот расказ на Стивен Кинг од 1980 година. Заплетот ги следи браќата близнаци Хал и Бил, кои на таванот наоѓаат стара кукла мајмун што му припаѓала на нивниот татко. Наскоро околу нив почнуваат да се случуваат страшни смртни случаи, поради што близнаците ја фрлаат куклата во ѓубре. Наскоро, сепак, се случуваат нови смртни случаи, а Хал и Бил одлучуваат засекогаш да ја уништат проколнатата кукла.
Филмот е во режија на Осгуд Перкинс, кој е одговорен за минатогодишниот хорор филм Longlegs. Во филмот играат Тео Џејмс, Татјана Маслани, Елајџа Вуд, Колин О’Брајан, Рохан Кембел, Сара Леви, Адам Скот и Оз Перкинс. Филмот веќе има 91% позитивни критики на Rotten Tomatoes.