Трамп ѝ се закани на Колумбија поради кокаинот – Богота возврати: „Тоа е објава на војна“

Напнатите односи меѓу Вашингтон и Богота ескалираа откако американскиот претседател Доналд Трамп порача дека секоја земја што произведува и испраќа кокаин во САД може да биде воена мета. На состанокот на кабинетот во Белата куќа, Трамп ја наведе Колумбија како пример, предупредувајќи дека нападите би можеле да се прошири и на други држави, „не само Венецуела“.

Колумбискиот претседател Густаво Петро жестоко возврати, објавувајќи на платформата Х дека такви изјави ја нарушуваат соработката и го загрозуваат суверенитетот на државата. „Не заканувајте се со напад – тоа е речиси како објава на војна“, порача Петро.

Последните месеци администрацијата на Трамп спроведува воена офанзива на Карибите и во Пацификот против мрежи за трговија со дрога, при што повеќе ракетни напади завршија со десетици загинати. Белата куќа ја обвинува Венецуела дека игра клучна улога во снабдувањето со нелегални дроги, обвинувања што претседателот Николас Мадуро ги отфрла.

Петро потсети дека Колумбија уништува по еден лабораториски погон за производство на кокаин на секои 40 минути, без употреба на ракети, и дека токму неговата земја спречува илјадници тони дрога да стигнат до американскиот пазар.

Односите меѓу двете земји дополнително се нарушија по воведувањето финансиски санкции кон Колумбија и одлуката на Трамп да ја отстрани од листата сојузнички држави во борбата против картелите. Петро возврати дека САД се мешаат во внатрешната политика и се обидуваат да влијаат врз претседателските избори во Колумбија во 2026 година

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни