Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во Иран се случува „промена на режим“, во момент кога тензиите на Блискиот Исток достигнуваат нов врв.
Трамп соопшти дека наредил петдневно одложување на воените удари врз иранската енергетска инфраструктура, по, како што рече, интензивни разговори со властите во Техеран.
Во изјава за CNBC, во разговор со новинарот Џо Кернен, Трамп нагласи дека „многу сериозно сака да постигне договор“ со Иран и дека разговорите ќе продолжат во текот на неделата.
Техеран: „Нема никакви преговори“
Иранските државни медиуми остро ги демантираа ваквите тврдења, повикувајќи се на висок безбедносен функционер: нема ниту директни, ниту индиректни разговори со САД, изјавите на Трамп се оценети како „психолошка операција“, а Ормускиот теснец нема да се врати во нормала
Пазарите реагираа
И покрај контрадикторните информации дека цените на нафтата нагло паднаа а фјучерсите на американските акции пораснаа
Пазарите очигледно реагираа на можноста за дипломатско решение.
Тврдења за „промена на режим“
Трамп ја темели својата проценка на фактот дека, според него, дел од иранското раководство е елиминирано и заменето.
„Одлични разговори, одлична средба“, изјави тој, без да прецизира со кого точно разговарал.
Закани за ескалација
Во меѓувреме, претседателот на иранскиот парламент Мохамад Багер Калибаф предупреди дека клучната инфраструктура во регионот може да биде „неповратно уништена“ доколку Иран биде нападнат
Потсетуваме, Доналд Трамп претходно постави рок од 48 часа за повторно отворање на Ормускиот теснец – клучен морски коридор низ кој минуваат околу 20% од светските испораки на нафта и гас.
Ситуацијата останува крајно неизвесна, со спротивставени информации од Вашингтон и Техеран, додека светот внимателно следи дали кризата ќе се движи кон договор – или нова ескалација