Трамп тргнува во пресметка со Европа: Денеска во Брисел итен вонреден состанок

Земјите на кои Трамп им се заканува со царини оваа недела објавија распоредување на воен персонал за извидувачка мисија во Гренланд како дел од данската вежба „Арктичка издржливост“, организирана со сојузниците на НАТО.

Претставниците на земјите-членки на Европската Унија ќе се состанат денеска, во недела на посебна седница откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со санкции поради Гренланд, јавува германската агенција dpa.

Кипар, кој го предводи ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, синоќа (саботата) објави дека како одговор на најновите најави од Соединетите Американски Држави, за недела попладне е свикан вонреден состанок на амбасадорско ниво.

Трамп рече дека САД ќе воведат дополнителни 10 проценти царини за увоз од осум европски земји од 1 февруари поради спорот за Гренланд.


Трамп се закани со царини за сите земји кои не ја поддржуваат окупацијата на Гренланд
зголемен притисок

Тој постојано повторува дека сака да го поседува Гренланд за да може да ја гарантира безбедноста на Арктикот со оглед на заканата што му ја претставуваат Кина и Русија.

Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп рече дека царините ќе важат за целиот американски увоз од Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија и Финска, и ќе се зголемат на 25 проценти почнувајќи од јуни доколку не се постигне договор САД да го купат Гренланд.

Гренланд, кој е претежно автономен, е дел од територијата на Данска, членка на НАТО.

Гренланд изјави дека не сака да стане дел од САД, а членките на НАТО велат дека на САД не им е потребна контрола врз островот за да го заштитат Арктикот.

Не е познато дали на состанокот во недела ќе се дискутираат можни контрамерки.

ЕУ има инструмент со кој може да се одбрани од трговски притисок, односно во ситуации кога трета земја се обидува да користи трговски мерки за да го принуди блокот или една од неговите членки да донесе одредена одлука.

Инструментот дозволува воведување контрацарини и многу други мерки, но е наменет за ситуации во кои се исцрпени сите други опции.

Земјите на кои Трамп им се заканува со царини оваа недела објавија распоредување на воен персонал за извидувачка мисија во Гренланд како дел од данската вежба „Арктичка издржливост“, организирана со сојузниците на НАТО.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни