Трамп: САД секогаш ќе бидат тука за НАТО, дури и ако сојузниците не се тука за нас

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека САД секогаш ќе ја поддржуваат НАТО алијансата, дури и ако европските сојузници не го сторат тоа, во контекст на тензиите околу потенцијално преземање на Гренланд.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес преку својата социјална мрежа Truth Social упати критики кон американските сојузници, истакнувајќи дека „САД секогаш ќе бидат тука за НАТО, дури и ако сојузниците не се тука за Америка“.

Трамп додаде дека, да не бил тој, Русија сега би ја имала целата територија на Украина.

Неговата контроверзна иницијатива за преземање на Гренланд од Данска доведе до тензија оваа недела меѓу САД и европските членки на НАТО, при што данската премиерка предупреди дека американска акција за преземање на островот би значела крај на Алијансата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни