Трамп му се заблагодари на Руте: сојузниците стојат зад нападите врз Иран

Генералниот секретар на Алијансата вели дека НАТО не учествувал во нападите, но сојузниците ги поддржуваат американските акции

Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, откако тој изјави дека сојузниците во голема мера ги поддржуваат американските воени операции против Иран.

„Благодарам на нашиот одличен генерален секретар на НАТО!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Изјавата следува по коментарите на Руте дека, иако НАТО не учествувал директно во нападите врз Иран, постои значителна поддршка од сојузниците за американските акции.

„Очигледно сојузниците во голема мера го поддржуваат она што претседателот го прави и го овозможуваат тоа што САД сега го прават во регионот – уништување на иранските нуклеарни и ракетни капацитети“, изјави Руте.

НАТО во состојба на подготвеност

Руте истакна дека европските земји имаат сериозни безбедносни грижи поврзани со Иран, вклучително и закани и наводни обиди за атентати поврзани со иранскиот режим во повеќе држави членки на Алијансата.

Тој нагласи дека НАТО останува подготвен да ја брани територијата на сојузот, особено во услови на растечки тензии на Блискиот Исток.

Според неговите зборови, системите за противракетна одбрана на НАТО пресретнале проектил насочен кон Турција, која е членка на Алијансата.

Руте додаде дека НАТО намерно не ги прецизира условите под кои би бил активиран членот 5, кој предвидува колективна одбрана во случај на напад врз една од членките.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни