Трамп: Рубио ќе објави список на земји кои ќе ја поддржат Америка во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека државниот секретар Марко Рубио ќе објави список на земји што ќе ги поддржат американските напори во Иран, додека ситуацијата со новиот ирански врховен лидер Мојтаба Хаменеји останува неизвесна.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека државниот секретар Марко Рубио наскоро ќе објави список на земји кои ќе ја поддржат Америка во Иран. На конференција за новинари Трамп рече дека станува збор за земји од регионот, но и за оние пооддалечени.

На прашање дали разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон за помош во обезбедување на Ормускиот теснец, Трамп одговори потврдно. Поддршката на Франција ја оцени како „осум од десет“ и додаде дека верува дека Париз ќе помогне.

Трамп објасни дека причина за повикување на други земји не е дека САД имаат потреба од нив, туку за да ја тестираат нивната реакција. Тој повтори дека Америка секогаш ги штити другите земји, но тие ретко возвраќаат кога САД имаат потреба од заштита.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни