Трамп: Работата не е завршена, втората фаза од мировниот договор започнува веднаш

Трамп порача дека втората фаза од мировниот договор за Газа започнува веднаш

Втората фаза од мировниот договор за Газа започнува веднаш, рече американскиот претседател Трам,

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека работата во Газа не е завршена, бидејќи телата на починатите заложници не се вратени како што беше ветено, објави вечерва „Тајмс оф Израел“.

„Сите 20 преживеани заложници се вратија и се чувствуваат најдобро што може. Тежок товар е отстранет, но работата не е завршена. Телата не се вратени, како што беше ветено“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

Договорот потпишан од Израел и Хамас минатата недела бараше од Хамас да ги ослободи сите 48 заложници во рок од 72 часа од стапувањето во сила на прекинот на огнот.

Рокот истече во понеделник напладне и Хамас ослободи 20 живи заложници, но ги врати само телата на само четворица од 28-те загинати во Газа, додека вечерва најави предавање на уште четворица.

Рокот во договорот важи и за телата, пишува „Тајмс оф Израел“, но се чини дека на Хамас му треба повеќе време за да ги лоцира, па затоа е формирана заедничка работна група која ќе помогне во пронаоѓањето на телата што не се вратени во рок од 72 часа.

„Втората фаза започнува веднаш“, додаде Трамп, алудирајќи на делови од неговиот план од 20 точки за повоено управување и реконструкција на Газа, кој ќе го води преодна влада од палестински технократи и ќе го надгледува мировен комитет со кој претседава американскиот претседател и поранешниот британски премиер Тони Блер.

Првата фаза, според Трамп, вклучува ослободување на заложниците, повлекување на Израел од Газа и обезбедување хуманитарна помош, додека Хамас сè уште не се согласил со втората фаза, која вклучува нивно разоружување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни